Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Подобрени услови за работа во охридската болница за кардиоваскуларни заболувања, набавен и нов софистициран ултразвучен ехо апарат

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Периодовнаназад се значително подобрени условите за работа во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, како дел од проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија Охрид“, кој влегува во финална фази на реализација.

– Во предходниот период, Центарот за развој на Југозападен плански регион, успешно ги спроведе активностите кои се насочени кон енергетска ефикасност на објектот. Имено, поставена е нова термо фасада на целиот објект, се интервенираше во реконструкција на кровот и кровниот покривач, како и замена на столаријата во објектот на ЈЗУ Кардиологија Охрид. Исто така, преку проектот, се набави нов софистициран ултразвучен ехо апарат за потребите на болницата преку кој ќе им се помогне на пациентите за подобро диагностифицирање. Како последна фаза на овој проект се очекува да се реализира и активноста за тековно сервисирање и одржување на постојниот информационен систем (хардвер и софтвер) и надградба на модулот за интервентна кардиологија, развој на нови модули и набавка на опрема кои се дел од компонентата за дигитализација, информираат од Центарот.

Додаваат дека проектот се финансира преку Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и кофинансирање од страна на ЈЗУ Кардиологија Охрид. Вредноста на градежните зафати изнесува 17.023.007 денари, а вредноста на ултразвучниот апарат изнесува 2.907.520 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука