Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Возило удрило во мотоциклист, кој потоа бил и физички нападнат

Охрид, 8. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми јули 2024 година во 15:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од селото Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го управувал своето моторно возило „Ауди“, удрил во мотоцикл што го управувал 47-годишен охриѓанец.

– Веднаш потоа, возачот на возилото, заедно со уште две лица од Косел и Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука