Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид денеска организира работилница по повод годишнината од раѓањето на Никола Тесла

Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла, роден на 10-ти јули 1856 година, Црвен крст Охрид, во партнерство и соработка со организацијата Canadians for Children at Health Risk, од Торонто, Канада денеска организира инспиративна, едукативна, online работилница на тема „Младите и науката“, насловена „Никола Тесла, неговиот живот, пронајдоци и наследство“.

– Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи денеска, среда, 10-ти јули 2024 година, со почеток во 20:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да дознаат нови, интересни детали од животот и работата на Никола Тесла. Работилницата на англиски/српски јазик, ќе ја води пензионираниот универзитетски професор д-р Мајда Ѓорѓевиќ, од Образовната Корпорција „Никола Тесла“, Хамилтон Онтарио, Канадам информираат од Црвен крст Охрид.

Работилницата online ќе ја следат и млади од организации на Црвен крст од регионот, со кој соработува Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука