ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Јанкулоски: Нема активни шумски пожари во охридскиот регион, останува апелот до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно

Охрид, 16. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – И покрај екстремно високите температури, во охридскиот регион нема активни шумски пожари.

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид Борко Јанкулоски за Супер радио и OhridPress вели дека кај нас, споредено со она што се случува во делови од државата, состојбата периодов е релативно мирна.
– Од почетокот на месецов имаме вкупно 16 пожари од кои повеќето се пожари на отворен простор, сува трева, ниска вегетација, депонии. Моментално екипи на јавните претпријатија вршат затрупување со земја на депонијата Мауцкер, вели Јанкулоски.

Со цел да не дојде до несакани последици, Јанкулоски уште еднаш упатува апел да не се пали оган на отворен простор, укажувајќи дека секое палење е строго забрането и е казниво по закон. Потсети дека на сила е одлуката на Владата со која е прогласена кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена, а од вчера е на сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во терминот од 06:00 до 20:00 часот.

Инаку, што се однесува до шожарите на ниво на Македонија, според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожари на отворено, од коишто сѐ уште активни се 12 пожари. На зафатените подрачја се дејствува од земја и со воздухоплови, а побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука