Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Во сабота четврто издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“

Охрид, 18. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охридскиот пливачки клуб „Акваспирит“, во сабота, на 20-ти јули, на градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид, ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот пливачки митинг „Ohrid OPEN“.

Се очекува да настапат голем дел од најдобрите домашни натпреварувачи, како и бројни гости од соседството.

– По четврти пат во низа нашиот клуб е организатор на Меѓународниот пливачки митинг „Охрид OPEN“, закажан за сабота, 20-ти јули 2024 година, на Градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид. И оваа година голем број пливачи ширум земјава и регионот ќе бидат дел од најголемиот пливачки настан на базен во нашиот град и пошироко. Митингот започнува во 08:00 часот, стартот на трките е во 09:00, додека пливачите вториот дел ќе го започнат во 16:00 часот, информираат организаторите.

Помагатели и спонзори на настанот се: Општина Охрид, Супер радио, Магна Мирорс и ЈП „Билјанини извори“ од Охрид.

Повеќе информации и пропозиции на следниов линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука