Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 32. степени, попладне услови за локален дожд

Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Утре и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните од вторник ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука