ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Oхриѓанецот Леонид Тодороски освои бронзен медал на Светската математичка олимпијада во Англија

Бат/Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дамјан Давков освои златен медал на 65. Интернационална математичка олимпијада во Англија што се одржува во Бат, Англија.Алексиј Тасиќ и охриѓанецот Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а

Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски добија пофалници.

Македонската репрезентација на олимпијадата ја водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет во Скопје. Обајцата се членови на Сојузот на матемачарите на Македонија кои го организираат нашето учество на светскиот натпревар.

Тимот го сочинуваа:

– Дамјан Давков од Математичко-информатичка гимназија, Скопје.

– Алексиј Тасиќ од ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје,

– Никола Цветаноски од ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје,

– Леонид Тодороски од ПСУ „Јахја Кемал“ Струга,

– Бранко Јангеловски од ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје и

– Ивано Божиновски од Математичко-информатичка гимназија, Скопје.

– Едномесечна сага ги следи македонските средношколци-олимпијци кои годинава немаа никаква државна поддршка да заминат на светските натпревари. Сами си ги плаќаат билетите до земјите домаќини на натпреварите со одредена помош од донатори и помагачи. Умно.мк веќе три недели пишува дека ако државата не помогне, телантираните уленици само ќе треба да го поднесат трошокот. Во меѓувреме се отворија повици за донации. Младите биолози беа на натпревар во Астана, Казахстан, математичарите во Бат, Англија, а друга екипа наскоро ќе замине во Хонг-Конг, Кина. Хемичарите треба да се натпреваруваат во Ријад, Саудиска Арабија. Јан Стојановски вчера освои злато на Европската олимпијада по физика во Кутаиси, Грузија, а утре заминува со тимот на Интернационална аолимпијада по физика во Исфахан, Иран, информираат од порталот умно.мк.

Во септември информатичарите треба да патуваат во Египет. Натпреварите ги организираат Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ), Македонското билошко друштво (МБД) и Здружението на информатичарите на Македонија. (Крај)

извор: умно.мк фото: умно.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука