Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на улицата „Партизанска“, пред хотелот „Охридати Палас“

Охрид, 20. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи вечерва, нешто по 20:00 часот на улицата „Партизанска“, на потегот пред хотелот „Охридати Палас“.

Во незгодата учествуваа возило марка „Форд“ со битолски регистерски ознаки и моторцикл. До овој момент нема потврдени информации за повредени лица во незгодата во која е причинета материјална штета.

Екипи на СВР Охрид извршија увид на лице место и најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука