Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 33. степени

Охрид, 21. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните од вторник ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука