Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Следува променливо облачно време со локален дожд, во среда позначителен пад на температурата

Охрид, 22. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

– Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда, стои во најавата.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука