Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Следува променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Охрид/Скопје, 23. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нестабилно време со пороен дожд, локално невреме и засилен ветер најавуваат од од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) за следните денови.

– Утре времето ќе биде променливо облачно од пладневните часотви и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Во четврток нестабилноста ќе се намали, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок, информираат од УХМР.

Оттаму со препорака за поголема внимателност, во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрва. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука