Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во првиот квартал од годинава собрани над 1 милион денари од туристичка такса

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во првиот квартал од оваа година во општинската каса легнале 1.149 814 денари по основ на туристичка такса.

Од Одделението за односи со јавност на Општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираат дека во текот на изминатите години се бележи раст на остварениот туристички промет.

– Туристичкиот промет за 2023 година бил 20.221 832 денари, додека за 2022 година 17.498 585 денари, велат од одделението.

Додаваат дека средствата собрани од туристичката такса се реинвестираат во Програмата за развој на туризмот за проекти и активности за поддршка на туристичката сфера.

Според моменталната состојба бројот на регистрирани даватели на угостителски услуги од мал обем, станоиздавачи во Општина Охрид е 3.049.

Охрид е во екот на туристичката сезона, шпицот годинава почна порано од вообичаеното, нѐ очекува продолжениот Илинденски викенд како кулминација. Очекувањата се дека оваа сезона ќе биде поуспешна од минатата. Во таа насока одат и најавите од хотелиерите дека истата ќе биде и продолжена, со оглед на тоа што гости ќе доаѓаат на охридската ривиера во рамки на балканските тури. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука