Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претрес во автокамп во Охрид, пронајдена дрога кај девет лица од Скопје

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јули 2024 година, во 23:45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода седум лица на возраст од 19, 18, 28, 23, 20 и две лица на 18-годишна возраст, како и двајца малолетници, сите од Скопје.

При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид на полнолетните лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. (Крај)

извор: МВР фото: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука