Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Возило удри во 73-годишна жена на пресекот на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид

Охрид, 24. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2024 година, во 19:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, патничко возило марка „Форд фокус“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 25-годишно лице, удрило во 73-годишна жена, двајцата од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука