ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонските олимпијци пристигнаа во Париз, меѓу нив и охриѓанката Анастасија Мојсовска

Париз/Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонските олимпијци пристигнаа во Париз, информираат од Македонскиот Олимписки Комитет (МОК).

Тие ќе земат учество на претстојната олимпијада која ќе се одржи од 26-ти јули до 11-ти август 2024 година во Париз, Франција.

Меѓу нив е и 0хридската стрелачка Анастасија Мојсовска, која е втор македонски претставник на Олимпијадата.

Анастасија ќе учествува на Олимписките игри и ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка, натпревар кој на програмата на Олимписките игри е во сабота на 27-ми јули 2024 година.

Нејзините почетоци се во СК „Охрид“, сега е член на СК „Стрелец” од Скопје, а тренажниот процес го реализира со Јордан Тасевски.

Анастасија Мојсовска е млада спортистка, има 22 години, но е веќе докажана како стрелец. Покрај тоа што беше повеќекратен државен првак и рекордер на Македонија, остварила високи резултати на меѓународните натпревари. Таа тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови што е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз, споредено со претходните во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МОК

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука