Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата во три случаи пронајде марихуана во Охрид

Охрид, 26. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата во три случаи пронајде марихуана во Охрид, информираат од МВР во последното издание на полицискиот Билтен.

На 25-ти јули 2024 година, во 19:30 часот на плажа на брегот на Охридското Езеро во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25-ти јули 2024 година, во 16:40 часот во угостителски објект на брегот на Охридското Езеро во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 31-годишно лице од Данска, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25-ти јули 2024 година, во 23:30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 22-годишно лице од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука