УХМР: Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 32. степени
Охрид, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. До крајот на работната недела дневната температура ќе биде во постепен пораст, а за време на продолжениот викенд ќе биде топло со појава на попладневна нестабилност и краткотраен локален пороен дожд и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |