Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за стружанец поради узурпација на државно земјиште кај „Женска плажа“

Струга, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

– На 3-ти ноември 2023 година, на катастарска парцела на место викано „Женска плажа“, пријавениот узурпирал државно земјиште со поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност, а притоа не поседувал одобрение издадено од надлежен орган, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука