Избор Култура Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Пред Илинден промоција на документарниот филм „Спасица Вишенска – Маченица и Светица“

Вевчани, 30. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од манифестацијата „Вевчанско лето 2024“, на ден пред Илинден во Вевчани ќе се одржи промоцијата на документарниот филм „Спасица Вишенска – Маченица и Светица“.

Филмот е работен по сценарио и во режија на Анастас Ќушкоски, писател, пасиониран фотограф и истражувач од Вевчани.

Гости на промоцијата ќе бидат членовите на хорот при Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид.

Под покровителство на Општина Вевчани ќе се одржи во Мултикултурниот центар, во четврток, на 1. август 2024 година со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука