Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Сара Јанковиќ и Петар Цеков најбрзи на Илинденскиот мал пливачки маратон во Охрид

Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сара Јанковиќ од пливачкиот клуб „Скопје“ и Петар Цеков од Пливачкиот клуб „Вардар“ се победници на главната трка на годинешниот традиционален Илинденски маратон што по 45. пат денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро.

Во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и странство, тие утрово први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата „Горица 1“ до Кејот на езерото во Охрид.

Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. (Крај)

извор: Република.мк фото: Спорт1.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука