Охрид, 2. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево изби пожар во шумата во близина на селото Косел, кај Охрид.
Според порталот Охрид 1, пожарот избил во близина на црквата „Свети Илија“ над селото.
Соодветни екипи на Противпожарната бригада од Охрид се на терен во борба со огнената стихија, а на помош им доаѓа и локалното население. Надлежните апелираат на смиреност кај населението, да не се крева непотребна паника.
Денес претпладне на територијата на Република Македонија активни се 6 пожари на отворено и шумски пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Во Општина Демир Хисар, врз пожарот на Илинска планина дејствуваме со концетриран напад од 5 „Ер трактори“ (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски), информираат од ЦУК.
Додаваат дека на тешко пристапниот терен на земја го гаснат локални пожарникари со подршка на месно население. (Крај)
извор: Охрид 1/ОхридПрес фото: Охрид 1