Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурно деноноќие во Охрид: Пронајдена дрога, бројни физички пресметки, семејно насилство…

Охрид, 3. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повторно бурно деноноќие во Охрид, информираат од СВР Охрид во најновиот Билтен. Пронајдена дрога, физички пресметки, жител на охридско село физички ја нападнал сопругата…

На 3-ти август 2024 година, околу полноќ на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, приведоа три лица од Скопје, сите на 19-годишна возраст. При извршен преглед, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 3-ти август 2024 година, во 01:30 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведени се 32-годишно лице од Гостивар и две лица на возраст од 19 и 21 година од Скопје, кои во објектот го нарушиле јавниот ред и мир со карање, а потоа и физичка пресметка со три лица од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 3-ти август 2024 година, во 00:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице од Скопје, врз друго лице, исто така од Скопје. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 3-ти август 2024 година, во 03:15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, извршија преглед врз 29-годишно лице од Прилеп и притоа, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 2-ри август 2024 година, во 13:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од охридско село, физички ја нападнало неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука