август 3, 2024

Охрид, 3. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Силниот ветер го реактивираше пожарот кај охридско село Косел, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– И покрај тоа што има 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал, вели Ангелов.

Пожар во Македонија, се шири кон две села - 24info.mk

Во текот на вчерашниот ден, петок, 2-ри август 2024 година, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои во моментов се активни 9, 5 се ставени под контрола и 26 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во поширокиот регион на Охрид, активни се пожарите на Илинска Планина и на потегот кај селата Косел-Волино-Опеница, информираат од ЦУК.

Охрид го дочека утрото по големиот празник Илинден со видливо зголемена количина на чад во воздухот.

По пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид синоќа состанок одржа и Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид. (Крај)

извор: Тв21/ОхридПрес фото: архива/FIRMS

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука