ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Под контрола е пожарот на потегот Косел-Расино-Опеница-Вапила (Фото/Видео)

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, недела, 4-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

– Во Општина Охрид ставен е под контрола пожарот на потегот кај селата Косел-Расино-Опеница-Вапила, потенцираат од ЦУК.

Два хеликоптери и утрово продолжија да дејствуваат на пожарите во охридско. Во текот на вчерашниот ден, им помагаа и три авиони „Ер трактор“ кои скоро во текот на целиот ден полнеа вода од Охридското Езеро, во обид да се спречи ширењето на пожарите во регионот.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука