Спорт

ГФК Охрид Лихнидос го комплетира ростерот со уште шест играчи

Охрид, 5. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос го комплетира ростерот за престојната сезона со наредните шест играчи кои тренираат со екипата од самиот почеток на подготовките.

Во новата сезона од Втората фудбалска лига сино белиот дрес ќе го носат Сашо Дуков, Матеј Андов, Албнор Каба, Димитриј Попоски, а нови членови на ГФК Охрид се и младите Давид Голубов и Стефан Колевски, кои што ќе ја засилат напаѓачката линија.

– Напаѓачот Сашо Дуков кој доаѓа од Саса со своето големо искуство се очекува да биде од огромно засилување за нашата напаѓачка линија. Клубот на својот гол ќе го има перспективниот чувар на мрежата Матеј Андов, а Албнор Каба настапува на позициите централен дефанзивец и заден играч за врска.На левата бековска позиција ГФК Охрид се засили со Димитриј Попоски. Голубов ги има поминато младинските категории на Вардар и Кул, додека пак Колевски има настапувано за младинските категории на Работнички, информираат од клубот.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука