Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на улицата „7-ми Ноември“, повреден 36-годишен мотоциклист од Охрид

Охрид, 5. август 20244 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти август 2024 година, во 17:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која е поцредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Тојота“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 43-годишно лице од Охрид и мотоцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 36-годишно лице од Охрид. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука