Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

На првиот ден од крводарителската акција „Плаошник 24“ собрани 38 единици крв, акцијата продолжува и денеска

Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 24“, вчера, за само 5 часа, во периодот од 19:00 до 00:00 часот беа собрани 38 единици крв.

– Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв. Продолжуваме со крводарителската акција и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 09:00 до 13:00 часот во спортската сала при ОOУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, информираат од Црвен крст Орхид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука