Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Петар Цветановски од аеро клубот „Охрид“ го освои одличното 10. место на Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пет аеро-моделари, членови на клубот „Охрид“, учествуваа на Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство, што се одржа на Спортскиот терен „Веселчани“ кај Прилеп.

Младиот Петар Цветановски, во исклучително силна конкуренција од 15 репрезентации од целиот свет, успеа да го освои 10. место во класата F1-B – модели со гумен погон, што е огромен успех за него.

– Станува збор за најконкрентниот натпревар во светот, кој се одржа на полето кај селото Веселчани. Со седумте стартови, Петар влезе во Fly Off со десет други натпреварувачи и успеа да го освои 10 место. Учествуваа 15 репрезентации, меѓу кои и нашата со три претставници во класата F1-A – едрилици и еден F1-B – модели со гумен погон (гумењаци), вели Митко Цветаноски од аеро-клубот „Охрид“ од Охрид.

Тој додава дека за младите моделари е исклучителен успех што и во вака силна конкуренција постигнуваат сериозни резултати на натпревари од светска класа. (Крај

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука