Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Нутриционист ги издвои најдобрите видови на храна за слабеење

Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Правилната исхрана и фитнес рутината се најдобриот начин да се ослободите од несаканите килограми кои се лапат на нас со текот на времето.Сепак, понекогаш е тешко да се избере која храна да се консумира, за исхраната да биде здрава и разновидна, а во исто време да помага при долгорочно слабеење.Нутриционистот и личен тренер Luke Hanna ги издвои најдобрите намирници кои можете да ги јадете за слабеење, односно оние намирници кои ќе помогнат во согорување на мастите.Јадењето на овие намирници ќе ви помогне подолго да се чувствувате сити, ќе ја намалите и можноста за прејадување и внесување повеќе калории отколку што ви треба, вели тренерот.Hanna ја издвојува оваа храна како најдобра за да ја вклучите во вашата исхрана:

  • Бела риба
  • Пилешко
  • Овесна каша
  • Грчки јогурт
  • Овошје
  • Интегрални тестенини
  • Зеленчук богат со влакна, како брокула, моркови и карфиол

Исто така, Hanna препорача да се консумираат компири, но не и производи направени од компири, како што се чипсот и слична храна која е преработена и многу солена.

(Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука