Економија Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Шишкоски: 13 години стоиме силно помеѓу нашите пациенти и болката, преку постојана едукација и надградба до оштество без болка (Фото/Видео)

Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полни 13 години стоиме силно помеѓу нашите пациенти и болката, преку постојана едукација и надградба до оштество без болка. Денеска да прославиме заедно, полни 13 години „Валео“, како успешна охридска приказна, вели Михаил Шишкоски, дипломиран физиотерапевт, специјалист по кинезитерапија, кој е главниот „виновник“ за успехот.

Во интервју за Супер радио и OhridPress тој зборува за патот на „Валео“ до денешниот статус на најсовремен и водечки центар за физикална терапија и кинезитерапија во западниот дел од Македонија, како и за најчестите проблеми за кои што пациентите доаѓаат во „Валео“: дискус хернии, ишијалгии, спондилози, болки во вратот, грбот или половината, калцификати или шилци во рамо, колено или пета, спортски повреди и.т.н.

OhridPress: Полни 13 години „Валео“ успешно работи во релативно мал град како Охрид. Која е тајната на успехот?

Шишкоски:

Сепак не се работи за некоја тајна која што треба да ја откријам за успехот на „Валео“, туку се се’ должи на неколку работи кои се главните „виновници“ во приказната. А тоа се: визија и цел, посветеност, упорност, пожртвуваност, задоволни пациенти и секако голема поддршка од семејството. Без се’ ова заедно, „Валео“ повеќе од сигурно денес немаше да постои.

OhridPress: Кажете ни нешто повеќе за Вас и за патот на „Валео“ до она што е денес?

Шишкоски: Јас сум Михаил Шишкоски дипл. физиотерапевт спец. по кинезитерапија, сопруг и татко на две малолетни деца, кој во 2011 година, на 10-ти август покрај сите можни разочарувања и милион препреки и непознати се одважи да отвори едно мало место каде што охриѓани ќе доаѓаат да ги решаваат проблемите со болките. Како што јас го надоградував моето знаење преку едукации, семинари и доквалификации, така и се доопремувавме со најновата и најсовремена технологија во физикалната медицина. Денес прераснавме во најсовремен и водечки центар за физикална терапија и кинезитерапија во западниот дел од Македонија. Сепак пациентите ја имаат најголемата заслуга за она што е „Валео“ денес…

OhridPress: Какви се’ услуги давате и за што се’ можат да се обратат кај вас охриѓани, но и граѓаните од многу пошироко?

Шишкоски: „Валео“ нуди еден современ пристап и начин на решавање на проблемите поврзани со болка во мускуло-скелетниот систем. Нашите знаења и технологија ги решаваат и најтешките и најкомплицираните случаи според најновите и најсовремените методи во физикалната медицина и рехабилитација. Најчестите проблеми за кои што луѓето доаѓаат кај нас да бараат помош се: дискус хернии, ишијалгии, спондилози, болки во вратот, грбот или половината, калцификати или шилци во рамо, колено или пета, спортски повреди и.т.н. Исто така доаѓаат и за постоперативна рехабилатација на рамениот зглоб, коленото и колкот кои што истите ги третираме според најновите светски стандарди и протоколи за рехабилитација… Секако и масажата е една од услугите кои што ги нудиме, а е незаменлив дел не само кога болката ќе ни тропне на врата, туку и во период кога сакаме да се релаксираме и да му се заблагодариме на нашето тело…

OhridPress: Вашата стручност секако не би дала соодветни резултати ако не е во комбинација со најсовремена технологија. Ги следите ли новитетите на полето на технологијата и секако сопственото надградување преку семинари и останати методи за постојано учење?

Шишкоски: Светот се менува, луѓето се менуваат, медицината се менува… Физиотерапијата веќе е прогласена за наука… Се применуваат нови научни методи, техники и технолгии, пристапот кон одредени проблеми и проблематики веќе се гледа од друга перспектива… Многу од традиционалните методи и технологии веќе изумираат, затоа што се докажало дека веќе се заменуваат со нови и поефикасни… Неопходна е постојана едукација, доколку сакате да се етаблирате како еден професионалец во оваа област… Но, за среќа на нашите пациенти, ние постојано следиме и учествуваме на курсеви и семинари каде се стекнуваме со нови знаења…

OhridPress: За многумина 13-ката е несреќен број, за вас велите дека е „Среќна 13-ка со Валео“. Како ќе го прославите роденденот?

Шишкоски: Како што напоменав дека едни од главните виновници за успехот се семејството, сепак ова е и нивен успех и овој 13-ти роденден ќе го обележиме во кругот на семејството и пријателите.

OhridPress: За посреќни 15 и најсреќни 20. Каде го гледате брендот „Валео“ за 15-тиот и каде за 20-тиот роденден?

Шишкоски: Како што и кажавте, ние сите овие години градиме бренд кој веќе е препознатлив на територијата на Македонија и пошироко во Европа. Ако се прашувам дали локациски се гледаме во Охрид и Македонија, да, сепак резулатите покажуваат дека до сега сме одличен репрезент на градот и државата. Но, бидејќи знаеме како, за 15-тиот роденден, се надеваме дека ќе го гледаме брендот „Валео“ на меѓународно ниво. Нашата мисија е да им помогнеме на милиони европејци во креирањето на поздрави навики за грижа на сопственото здравје, се’ со цел да се создаде оштество без болка преку понуда на холистички здравствен пристап за справување со болките во мускуло-скелетниот систем.

Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ во Охрид. Телефонот е 071/506-818, а повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нивната нова веб страна valeoohrid.mk, како и на профилите на FacebookInstagramYouTube и X(Twitter). (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука