Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Интересна фотографија од преубавиот Охрид е објавена деновиве на популарната страна на Facebook „Охрид слики од минатото“.
На фотографијата, која всушност е поштенска картичка, прикажан е хотелот „Палас“, некогашниот изглед на „Островчето“, но и централниот дел на градот, тогаш со многу повеќе зеленило и многу помалку згради.
– Поштенска картичка од Охрид од 1964 година, напиша во објавата членот на групата Biljana Hoffmann, која ја сподели фотографијата.
Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид слики од минатото
Прочитано: 72