ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Активен е пожарот на Галичица, гори во три правци – на исток кон Стење, на запад кон Војтино и на север кон планинарската куќа

Скопје/Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 12 пожари се активни на територијата на Република Македонија, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во текот на вчерашниот ден, имало вкупно 49 пожари, од кои 7 се под контрола, а 30 се изгаснати.

Во регионот на Охрид, активен е пожарот на планината Галичица, кој гори во правец на исток кон селата Лескоец и Стење, односно на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, каде гори шума и нискостеблеста вегетација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука