ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Активен е пожарот на Галичица, на исток кон Стење, на запад кон Војтино и на север кон планинарска куќа

Скопје/Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, четврток, 15-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 53 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 6 се под контрола и 35 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

– Во регионот на Охрид активен е пожарот на планината Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Гори нискостеблеста вегетација и букова шума, потенцираат од ЦУК.

Пожарот на Галичица утрово на мапата на NASA FIRMS, намален е во однос на претходните денови

Утринските снимки на NASA FIRMS од пожарот на планината Галичица кој трае веќе неколку дена покажуваат дека истиот се’ уште зафаќа голем регион, но дека е намален во однос на претходните денови.

Охриѓани деновиве можеа и да го видат пожарот од центарот на градот, а облакот чад и понатаму е видлив од повеќе локации. Слична беше состојбата и утрово.

Во меѓувреме, четири нови шумски пожари избувнаа во Република Македонија во текот на попладневните часови вчера, од кои еден на планината Галичица во правец на селата Лескоец и Стење, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Нов пожар кај Ресен и Охрид, на Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Попладнево дејствуваа 1 хеликоптер на МВР на ресенска страна и три авиони „Ер трактори“ на ДЗС и Германија на охридска страна. Вкупно 120 лица: ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица. Гори нискостеблеста вегетација и букова шума, додаваат од ЦУК. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука