Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Источниот фронт од пожарот на Галичица е ставен под контрола, а на западниот се можни жаришта, вели за состојбата на пожарот на планината Галичица раководителот на противпожарна заштита во НП „Галичица“, Ѓуро Јовчески, во видеото кое го објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Во текот на вчерашниот ден во координирана и добро испланирана акција помеѓу Општините Охрид и Ресен, Кризниот штаб на Републка Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК со директорот Ангелов пристапено е кон спроведување на предходно подготвениот план во кој учествуваат 120 пожарникари на 3 фронта, 5 воздухоплови, 3 „Ер трактори“ и два хеликоптери на МВР, изјави Јовчески.
Додава дека на источниот фронт, пожарот е ставен под контрола на двете критични точки.
– Западниот фронт кој беше најкритичен е ставен под контрола, но со покачување на температурата во текот на денот постојат индиции да се појават жаришта, додава Јовчески.
Тој им се зблагодари на сите учесници кои се директно инволвирани во гаснењето, како и на сите донатори кои се јавуваат во се поголем број. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ЦУК