Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од полицискиот Билтен: Семејно насилство, физички напад, сообраќајна незгода

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за семејно насилство, физички напад, сообраќајна незгода, кои се случија на територијата на СВР Охрид во текот на последното деноноќие.

На 15-ти август 2024 година, во 17:15 часот во СВР Охрид пријавено е дека 45-годишно лице, во семејниот дом во охридско село физички ги нападнал синот и сопругата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15-ти август 2024 година, во 13:42 часот, во автокамп на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 50-годишно лице од Скопје врз 61-годишен жител на Куманово. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15-ти август 2024 година, во 18:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од булевар „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило на Итната медицинска помош „Рено мастер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од селото Горно Лакочереј, охридско и велосипед управуван од страна на 67-годишна жена од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа на СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука