август 17, 2024

Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Акцијата за гасење на пожарот на Галичица продолжува денес со гасење и од воздух. На помош денес ќе дејствуваат два хеликоптери, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

– Гасењето на пожарот ќе се одвива и од копно каде делуваат пожарникарите од ТППЕ Охрид, вработени во Национален парк „Галичица“, ДЗС и ЦУК, како и членови на службата за спасување на планина и волонтери, потенцира Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука