Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

По повод Централната свеченост за Денот на АРМ, утре од 09:30 до 12:00 часот ќе биде забрана за пловидба по каналот „Студенчишта“

Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре, недела, 18-ти август 2024 година, во периодот од 09:30 до 12:00 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“.

– Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што, утре ќе се одржи Централната свеченост по повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија, информираат од СВР Охрид.

Поради утрешниот значаен настан, апелираат, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука