Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Кај „Асан Џура“ затекнат бездомник од Охрид кој запалил оган на Галичица, сакал да се стопли без намера да подметнува пожар

Охрид/Ресен, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти август 2024 година, во 11:15 часот во Полициската станица Ресен, одговорно лице во Национален Парк „Галичица“ пријавило дека на место викано „Асан Џура“ затекнало лице кое запалило оган на отворен простор, кој веднаш бил изгаснат од вработени на Националниот парк.

– Полициски службеници од Полициската станица Ресен излегле на местото и било констатирано дека се работи за 74-годишно лице од Охрид, кој е бездомник и кој изјавил дека ноќта ја поминал на местото каде што запалил оган за да се стопли без намера за подметнување на пожар. Констатирано е дека лицето сторило прекршок по член 53 од Законот за шуми, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: НП „Галичица“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука