ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ангелов: Целосно е изгаснат пожарот на Галичица

Скопје/Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, заклучно со 13:00 часот, имаме вкупно 25 пожари на отворен простор и шумски пожари. Од нив, шест се целосно изгаснати, девет се ставени под контрола, додека 10 се сѐ уште активни, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– Првата добра вест е тоа што пожарот на Галичица е целосно изгаснат. Конечниот удар му го зададе дождот што заврна во оваа област, изјави Ангелов.

Пожарот на Галичица гореше полни 14 дена, а послдниот период беше проширен на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста „Војтино“ и на север кон планинарска куќа. Гореше нискостеблеста вегетација и букова шума, а активни во неговото гасење, покрај охридските професионални пожарникари, беа и членови на Доброволното противпожарно друштво „Повардарец“ од Неготино и Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ Охрид и Дебрца, како и со останати волонтери со логистичка поддршка од погранична полиција, вработени во НП „Галичица“ и останати лица и служби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука