Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Во охридската болница ноќеска бил донесен млад охриѓанец со повреди здобиени од физички напад

Охрид, 18. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти август 2024 година, во 03:15 часот во СВР Охрид, од Општата болница во Охрид било пријавено дека кај нив со повреди било донесено 23-годишно лице од Охрид.

– Според пријавеното, околу 02:00 часот, пред угостителски објект во Охрид тој бил физички нападнат од страна на лице од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука