Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова во Охрид се сретна со командантот на Националната гарда на Вермонт Грегори Најт и со заменик-амбасадорката на САД Никол Варнс

Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид се сретна со  генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт и заменик-амбасадорката на САД, Никол Варнс.

– На средбата се разговараше за севкупната соработка на нашата држава со Националната гарда на Вермонт, како важен дел од стратешкото партнерство со САД и континуирана поддршка што САД од почетокот на независноста ја дава за евроатлантските интеграции на нашата држава, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност. Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката на проектите за модернизација и опремување на Армијата и ја истакна важната улога што Националната гарда на Вермонт ја имаше за исполнување на стандардите на НАТО и влезот на државата во Алијансата, информираат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Додаваат дека македонската претседателка ги поздравила намерите за натамошно проширување на соработката со Националната гарда на Вермонт за јакнење на нашите капацитети во одбраната и безбедноста.

На средбата се разговарало и за соработката во рамки на НАТО алијансата и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија на Украина. Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмирала посветеноста на државата да придонесува, согласно можностите и капацитетите во справувањето со заедничките закани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука