Охрид, 19. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот вљубеник во планините и промотор на заштитата на животната средина, водителот од Супер радио Жанко ЗШ Голабоски денеска беше, како што тој вели „во контрола на неговата омилена Галичица“.
– И после дождот да направиме мала контрола. Пожарот е изгаснат, но има места каде што тлее и добро би било уште еднаш да заврне, вели Жанко.
Тој испрати фотографии и видео материјали од лице место на кои се гледа дека соодветни екипи продолжуваат да ги санираат местата каде уште тлее оган за да се спречи евентуално обновување и ширење.
Во регионот на Галичица полни две недели гореше пожар од двете страни на границата. Истиот беше изгаснат со огромно залагање на противпожарните екипи на ТППЕ Охрид, доброволни друштва од регионот од државата, вработени во сите државни органи и Национални институции, како и со огромна помош на локалното население и доброволци. Вчерашниот дожд помогна пожарот конечно да биде сопрен, но состојбата мора будно да се следи и соодветно да се реагира.
Погледнете каква беше состојбата на Галичица денеска, ден потоа.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес