Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: За појадок треба да избегнуваме еден популарен пијалок, вели експерт за здравје на цревата

Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Експертот за здравје на цревата Chris Dubberley вели дека избегнувањето на популарниот утрински пијалок може да биде клучно за подобро здравје на цревата. Тој вели дека сокот од портокал има негативно влијание на дигестивниот систем, пред се’ поради високата содржина на шеќер.– Една од најпопуларните ставки во менито за појадок, сокот од портокал, всушност не е добар за здравјето на цревата. Сокот од портокал е изненадувачки богат со шеќер, што може да се спореди со газираните пијалоци, вели Dubberley.Тој, исто така, предупреди и на користењето на енергетските барови.– Енергетските барови за појадок се многу удобна опција, но многу од нив се полни со додадени шеќери и вештачки состојки. Побарајте барови со минимални адитиви или, уште подобро, направете сами користејќи цели зрна, јаткасти плодови и сушено овошје за ужина богата со влакна која е добра за цревата, истакна Dubberley.Дополнително, вели дека е погрешно мислењето дека е во ред денот да се започне со слатка храна.– Слатките житарки и колачи можат да направат повеќе штета отколку добро за нашите црева. Тоа не значи дека нема здрав избор за појадок кој може да содржи природни шеќери и може да ја задоволи желбата за слатко. Полномасниот обичен грчки јогурт со свежо овошје, јаткасти плодови и мед нудат балансирана исхрана како комбинацијата на пробиотици, влакна и здрави масти и може да придонесе за добра исхрана на цревата, нагласи тој.Како најдобра храна за почеток на денот, Dubberley ги издвојува овесните снегулки, јајцата и растителните извори на протеини, како што се леќата и гравот.

(Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука