Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ТППЕ Охрид Пожарна најавуваат дека преку надлежните институции ќе покренат постапка за разоткривање и санкционирање на сите чинители кои го злоупотребија нивното име, за некакви си броеви за донации каде пишуваат дека стапиле во контакт со нив.
– ТППЕ Охрид како дел од Општина Охрид, нема дадено никаква согласност за собирање за средства. Сите „воени профитери“ кои ја искористија ситуацијата додека пожарникарите гинеа по терените, ќе одговараат, потенцираат од ТППЕ Охрид.
Командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски денеска преку отворено писмо до јавноста ги изнесе ставовите на службата во врска со последните настани поврзани со пожарите кои го зафатија регионот на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива