Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Во среда сите патишта водат кон Скребатно за празникот Успение на Пресвета Богородица

Охрид, 25. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Организациониот одбор ги прави последните подготовки во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Илјадници верници по традиција, во среда, на 28-ми август, ќе дојдат во селото каде ќе се помолат во храмот на Пресвета Богородица, по што за сите ќе биде поделен традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква.

На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Селото Скребатно се подготвува за прославување на празникот Успение на Пресвета Богородица

Тоа е голем црковно-народен собир посетен од 7-8 илјади домашни и гости од странство, на кој во кругот на обновената црква „Св. Богородоца“ се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе. Необично во целата приказна е што Голема Богородица, како што народот го нарекува големиот христијански празник, толку масовно се празнува во планинското село кое одамна е напуштетно и нема ниту еден постојан жител.

Собирот во секој негов дел секогаш е одлично организиран, уредени се паркинзи и важи посебен сообраќаен режим за празникот што ги поштедува гостите од застои. Се служи манастирска ракија и храна за 5.000 гости, а секогаш е весело со ора и изворна музика

По повод празникот, Општина Охрид во среда организира превоз до селото Скребатно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука