Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Денес започнуваат уписите на Факултетот за туризам и угостителство, може да се запишат 306 бруцоши

Охрид, 26. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, утре и на 29-ти и и 30-ти август ќе се спроведува првиот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.

На ФТУ може да се запишат 306 студенти во прва година.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 134, редовни со кофинансирање од 400 евра – 99, а има место и за 73 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.
Идните академски граѓани може да избираат меѓу студиските програми за туризам, каде има 50 слободни места, осигурување и менаџмен со ризик 40, царина и шпедиција 60, за менаџмент во услужен сектор предвидени се 50 места, на гастрономија 50, а на хотелско-ресторански менаџмет може да се запишат 30 средношколци.

И оваа академска година ќе бидат активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат 10, односно 16 студенти.

Вториот уписен рок е на 13-ти и 16-ти септември, а третиот на 24-ти септември 2024 година.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ пријавувањето во првиот уписен рок е на 2-ри, 3-ти и 4-ти септември, вториот е на 16-ти и 17-ти септември и третиот на 27-ми септември 2024 година.

Има места за 364 бруцоши, од нив 200 се за во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти. По 80 бруцоши ќе може да се запишат на факултетите за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника и за информатички и комуникациски науки. На факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика има 44 слободни места. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука