Струга, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишна жена од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Во текот на 2024 година, пријавената започнала со изведување на доградба и надградба на куќа во Струга, без да поседува одобрение за градење, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 90