Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на бесправно градење во Охрид и Струга.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишна жена од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, на катастарска парцела во Охрид изградила темелни траки за изградба на семејна куќа, без да поседува одобрение за градење.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 пријавениот започнал со градба на кат над објектот за домување со деловен простор во Струга, без да поседува одобрение за градење. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 155