Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Водовод“: При санирање на дефект настаната е контаминација на водата за пиење во и околу ресторан „Билјанини извори“, истата се забранува за пиење

Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Водовод“ од Охрид ги известуваат корисниците дека при санирање на дефект настаната е контаминација на водата за пиење во и околу мернo местo ресторан „Билјанини извори“, Охрид.

– Од страна на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ од Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се’ додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место ресторан „Билјанини извори“ Охрид, додаваат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука