Скопје/Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Забрзани се работите на автопатот Кичево-Охрид и очекувам до почетокот на следната туристичка сезона да биде готова делницата од Арбиново до Охрид, изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за поткастот „Претрес со Ландов“ на „Прва Тв“.
Тој додаде дека очекува целокупната делница до Кичево да биде готова до крајот на 2026 година.
Собранието на Република Македонија, неодамна, по скратена постапка го донесе Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-тип и автопатот Кичево-Охрид.
Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради во февруари 2014 година. Требаше да чини 375 милиони евра и да заврши во 2018 година. Со низа анекси на договорот, рокот за изградба пет пати се продолжуваше, а цената растеше. (Крај)
извор: Прва Тв/ОхридПрес фото: архива